Muhammed Emin Canik,Emre Aytekin
13 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА -
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.175 лица во Бразил, 942 во Индија, 737 во Мексико, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Бразил, која е втора најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирусот, во последните 24 часа животот го загубија 1.175 лица како последица на заразувањето со Ковид-19.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Бразил, досега, од последици предизвикани од заразувањето со коронавирусот, животот го загубиле 104.201 лице, од кои 1.175 во последните 24 часа. Во истиот период бројката на заразени е зголемена за 55.155 и вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 3.164.785.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 639.562 заразени со коронавирусот и 25.571 смртен случај.
Досега во земјата оздравеа 2.309.477 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Индија
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 942 лица починале како последица на заразувањето со новиот тип коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 47.033.
Во последните 24 часа детектирани се 66.999 лицe позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 2.436.638. Досега во Индија оздравеа 1.695.982 лица кои биле заразени со Ковид-19.
Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во светот, Индија е трета земја во светот според бројот на детектирани случаи на заразување со Ковид-19, по САД и Бразил.
- Мексико
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од последици на заразувањето со Ковид-19, животот го загубиле 737 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 54.666.
Бројката на лица позитивни на коронавирусот во Мексико изнесува 498.380, од кои 5.858 се детектирани во последните 24 часа.
Досега во оваа земја од Ковид-19 оздравеа 336.635 заразени.