Muhammet Kurşun
17 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) надмина 30.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 253 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 30.123.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 4.103 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 526.490.
Според Лари, 4.721 заразено лице се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 423.921 лице.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 4.482.263 тестирања за Ковид-19.