Büşra Nur Bilgiç Çakmak
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА (АА) - Грција денес го потврди првиот смртен случај од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Хоспитализиран бил 66-годишен пациент кој ги имал основните симптоми“, објави грчкиот весник „Екатимерини“.
Бројот на случаи со коронавирус во Грција вчера се искачи на 99. Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи вирусот за глобална пандемија.
Според СЗО, од коронавирусот досега починаа над 4.600 лица, а во над 114 земји во светот се регистрирани над 125.000 потврдени случаи со вирусот.