свет, Коронавирус

Во Брисел социјалниот живот ќе биде возможен само со безбедносен сертификат за Ковид

- Од денеска во Брисел, главниот град на Белгија, за пристап до многу области од општествениот живот ќе биде потребен безбедносен сертификат за Ковид

Selen Temizer  | 15.10.2021 - Обновена : 15.10.2021
Во Брисел социјалниот живот ќе биде возможен само со безбедносен сертификат за Ковид

БРИСЕЛ 

Од денеска во Брисел, главниот град на Белгија, за пристап до многу области од општествениот живот ќе биде потребен безбедносен сертификат за Ковид, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според одлуката донесена на Владата на 9 септември, федералните региони во Белгија се согласија за употребата на безбедносен сертификат за Ковид, кој докажува дека луѓето се целосно вакцинирани, сертификат дека имаат негативен резултат од ПЦР-тест, не постар од 48 часа или сертификат дека неодамна оздравеле од болеста.

Отсега ќе биде задолжително да се презентира безбедносен сертификат за Ковид за влезови во затворени места со повеќе од 50 луѓе и отворени места со повеќе од 200 луѓе.

Ова ќе ги вклучи сите кафулиња, ресторани, спортски центри, ноќни клубови, културни настани, саеми и конгреси во рамките на административните граници на 19-те општини во Брисел.

Правилото ќе важи за сите постари од 16 години, а делумно ќе се применува за оние на возраст од 12 до 16 години.

Казната за непочитување на правилото ќе варира помеѓу 50 и 500 евра. Меѓутоа, за сопствениците на бизнисите и организаторите, оваа бројка може да достигне и до 2.500 евра.

ЕУ одлучи да го признае турскиот сертификат за примена вакцина за заштита од Ковид-19 на 19 август. Турските граѓани кои примиле две дози од вакцината на „БајоНТех“/„Фајзер“ можат да патуваат во Белгија.


- Ситуацијата на епидемијата во Белгија

Според податоците објавени од Националниот институт за јавно здравје, 3.872 случаи на Ковид-19 се забележани во понеделникот, 11 октомври, и тоа е „најголем регистриран број од 3 мај“.

Просекот во последните седум дена е 2.114 случаи, со зголемување од 12 проценти, бројот на смртни случаи се зголеми на 9.

И покрај зголемувањето на бројот на случаи, Белгија е на прво место меѓу европските земји според стапката на вакцинација на населението. Досега, 74 проценти од жителите во земјата се целосно вакцинирани, а оваа стапка е 86 проценти на возраст над 18 години. Белгија има 11,4 милиони жители.

Од почетокот на епидемијата во земјата, откриени се 1,3 милиони случаи, а починаа 25.700 луѓе.


​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.