свет, Коронавирус

Во Бразил од Ковид-19 во последните 24 часа починаа 904 лица, во Мексико 341

Според податоците на бразилското Министерство за здравство, бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 36.044, со зголемување од 904 во последните 24 часа

Emel Gözellik  | 07.06.2020 - Обновена : 07.06.2020
Во Бразил од Ковид-19 во последните 24 часа починаа 904 лица, во Мексико 341

АНКАРА (АА) – Како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Бразил во текот на изминатите 24 часа починаа 904 лица, a во Мексико 341 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на бразилското Министерство за здравство, бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 36.044, со зголемување од 904 во последните 24 часа.

Бројот на дијагностицирани случаи во земјата достигна 676.494 со пораст од 2.997 во последното деноноќие.

Според информациите што ги објавува интернет-страницата „Worldоmeter“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, Бразил е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во Латинска Америка, а втора во светот зад САД според бројот на лица позитивни на тестот за Ковид-19.

- Во Мексико во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 341 лице -

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, бројот на починати како последица на Ковид-19 се зголемил за 341 во последните 24 часа, со што вкупната бројка на починати достигна 13.511.

Бројот на откриени случаи со Ковид-19 во земјата достигна 113.619, со пораст од 3.593 во последното деноноќие.

На 27 мај во Мексико за првпат беа регистрирани над 500 смртни случаи од вирусот во текот на 24 часа.

Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај од вирусот беше регистриран на 19 март.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.