Wassim Samih Seifeddine,Serdar Bıtmez,Ali Semerci
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Саудиска Арабија, Катар, Бахреин и Либан ги објавија ажурираните податоци во врска со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здрравство на Саудиска Арабија соопшти дека починале уште 16 лица заразени со Ковид-19.
Со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Саудиска Арабија се зголеми на 441.
Во соопштението се нагласува дека се откриени 1.644 на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во Саудиска Арабија се зголеми на 80.185 лица.
Се истакнува дека 54.553 лица во земјата се излекувани од Ковид-19.
- Катар
Во соопштението на Министерството за здравство на Катар се наведува дека како резултат на Ковид-19 починале уште три лица.
Се нагласува дека со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 33.
Исто така, се вели дека откриени се нови 1.967 случаи со овој вирус, со што вкупниот број на откриени случаи со Ковид-19 во Катар порасна на 50.914.
15.399 лица во Катар успеале во борбата против оваа пандемија.
- Бахреин
Министерството за здравство на Бахреин соопшти дека откриени се уше 285 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на случаи во Бахреин се искачи на 9.977.
Уште 143 лица се излекувани од овој вирус во земјата, со што вкупниот број на излекувани во Бахреин се зголеми на 5.295.
Досега во оваа земја починаа 15 лица како последица на Ковид-19.
- Либан
Во соопштението на Министерството за здравство на Либан се наведува дека откриени се нови 7 случаи со овој вирус.
Се нагласува дека со ова, вкупниот број на откриени слуачи во земјата се зголеми на 1.168.
Во Либан досега починаа 26 лица како резултат на Ковид-19, кодека 699 лица се излекувани од овој вирус.