БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 2.001 лице во Бразил, 278 во Мексико, 542 во Аргентина, 685 во Колумбија, 98 во Перу, 215 во Чиле, 56 во Еквадор, 82 во Боливија, 125 во Парагвај, 66 во Гватемала, 34 во Уругвај и на 23 лица во Хондурас.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.001 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 511.142.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 79.277, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.322.760.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 16.548.159 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 278 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.270 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 232.346 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.498.357. Досега во оваа земја оздравеа 1.985.459 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 542 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 91.979. Во истиот период детектирани се 24.023 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.374.587.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.990.289 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 685 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 103.321.
Во последното деноноќие детектирани се 32.733 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.092.746. Во оваа земја досега оздравеа 3.800.388 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 98 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.395 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.043.262, од кои животот го загубија 191.447 лица, а оздравеа над 2.001.357 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 215 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 32.012.
Во истиот период регистрирани се нови 5.628 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.537.471, а оздравеа вкупно 1.472.337 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 56 смртни случаи, вкупно 21.433 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 2.751 новозаразен, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 452.234.
Досега во Еквадор оздравеа 415.508 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 82 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а дека бројката на новозаразени изнесува 2.182.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 431.360, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 16.496. Досега оздравеа 351.317 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 125 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.863 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 415.320, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.211.
Досега оздравеа 357.368 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 66 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, вкупно 8.960 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 2.279 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 288.987.
Досега во оваа земја оздравеа 259.850 лица што биле заразени со коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 34 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 5.447.
Во истиот период детектирани се 1.586 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 363.580 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 337.748 заразени со Ковид-19.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 23 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.531 лице.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 258.349, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 6.902 лица, а оздравеа 92.253 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.