Muhammet Nazım Taşcı
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4.5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 4.500.850.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде вкупно 1.448.460 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Шпанија со 272.646 случаи, Русија со 252.245 случаи, Велика Британија со 233.151 случај, Италија со 223.096 случаи, Бразил со 197.838 случаи, Франција со 178.878 случаи, и Германија со 174.636 случаи.
Според последните податоци, бројот на откриени случаи со Ковид-19 во Турција изнесува 144.749.
Во светот од Ковид-19 се излекувани 1.691.647 лица, додека 2.507.152 лица се во процес на лекување.