свет, Коронавирус

Бројот на откриени случаи со Ковид-19 во Африка надмина 110 илјади

Според податоците на Центарот за котролирање и спречување на болести во Африка (Africa CDC), во земјите низ Африка досега откриени се вкупно 111.825 случаи со Ковид-19

Gökhan Kavak  | 25.05.2020 - Обновена : 26.05.2020
Бројот на откриени случаи со Ковид-19 во Африка надмина 110 илјади

АБУЏА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Африка надмина 110 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Центарот за котролирање и спречување на болести во Африка (Africa CDC), во земјите низ Африка досега откриени се вкупно 111.825 случаи со Ковид-19.

Се истакнува дека 3.353 лица починале како последица на овој вирус во Африка.

Според соопштеното, 45.000 лица успеале во борбата против оваа пандемија.

На чело на африканските земји во кои се откриени најголем број случаи се наоѓа Јужноафриканската Република, каде што се откриени 22.583 случаи со Ковид-19, по што следуваат Египет со 17.265 откриени случаи, Алжир со 8.306 откриени случаи и Нигерија со 7.839 откриени случаи.

Во Еритреја, Маврициус и на Сејшелите моментално нема активни случаи со Ковид-19, додека во Централноафриканската Република, Еритреја, Лесото, Мозамбик, Намибија, Руанда, Сејшелите и Уганда досега не се регистрирани смртни случаи како последица на овој вирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın