Büşra Selvi Öğütcen
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 90 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 се заразени 90.086.549 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 22.699.938 лица.
По САД следуваат Индија (10.451.346), Бразил (8.075.998), Русија (3.379.103), Велика Британија (3.017.409), Франција (2.767.312), Турција (2.317.118), Италија (2.257.866), Шпанија (2.050.360), Германија (1.914.335), Колумбија (1.771.363), Аргентина (1.714.409), Мексико (1.524.036), Полска (1.376.389), Иран (1.280.438), Јужноафриканската Република (1.214.176), Украина (1.110.015) и Перу (1.032.275).
Во светот од Ковид-19 починаа 1.934.939 лица, додека 64.469.156 лица оздравеа од овој вирус.