живот

Сиријката Маја и нејзиниот татко се лекуваат во Турција и наскоро ќе проодат

Осумгодишната Сиријка Маја која заедно со нејзиното семејство избегале од нападите на Асадовиот режим и сега живеат во кампот „Сер Џебле“ во Идлиб, беше забележана од страна на новинарите на Anadolu Agency (AA)

Mücahit Türetken  | 02.07.2018 - Обновена : 03.07.2018
Сиријката Маја и нејзиниот татко се лекуваат во Турција и наскоро ќе проодат Arif Hüdaverdi Yaman/АА

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Сиријката Маја Мери која беше забележана во камп во Идлиб како се обидува да продолжи со својот живот со помош на помагало коешто нејзиниот татко, исто така инвалид, го направил од пластична цевка и конзерва, е донесена во Турција на лекување, и со возбуда го чека денот кога ќе ги добие своите протетски нозе.

Осумгодишната Сиријка Маја која заедно со нејзиното семејство избегале од нападите на Асадовиот режим и сега живеат во кампот „Сер Џебле“ во Идлиб, беше забележана од страна на новинарите на Anadolu Agency (AA).

По веста на АА ѝ се смени животот на Маја чии нозе се ампутирани поради проблем за време на раѓањето. Таа се обидува да оди со помагалото коешто нејзиниот татко Мухамед ел Мери го направил од конзерви.

По оваа вест претседателот на турската Црвена полумесечина, Керем Киник, овозможи Маја и нејзиниот татко да бидат донесени во Турција. Специјалистот по протетика Мејмет Зеки Чулџу за овој случај дознал од социјалните мрежи, и ветил дека ќе ѝ направи протетски нозе на Маја и нејзиниот татко кој од раѓање е инвалид, и го започнал процесот на лекување.

Мухамед ел Мери и неговата ќерка Маја, со иницијатива на турската Црвена полумесечина добија дозвола за привремен престој, а во хотелот каде што се сместени со нетрпение го чекаат денот кога ќе им бидат ставени протетските нозе.

Мухамед ел Мери не ја криеше среќата и возбудата што се наоѓа во Турција на лекување.

Тој истакна дека нозете на Маја ѝ се ампутирани од колената поради компликации за време на раѓањето, и со месеци била неподвижна во кревет, и оти оваа состојба предизвикала голема тага кај него и неговото семејство.

Мери нагласи дека најпрвин направил помагало од пластичен сад во кој ставил памук и платно, со цел неговата ќерка да може да се движи во кампот, а потоа помагалото го надградил со пластична цевка и конзерва.

Тој вели дека неговата ќерка можела да се движи со ова помагало.

„Маја напрвин почна да се движи во шаторот, а потоа и надвор. Иако беше тешко, благодарение на ова помагало таа можеше да оди до шаторот во кој се школува. Маја е многу социјализирано дете. Има одлични односи со нејзините другари во училиштето. Многу сака да разговара и заедно со нив да си игра“, нагласи тој.

Мери рече дека по веста на АА претставниците на Црвената полумесечина контактирале со нив.

„Тимот на Црвената полумесечина нè донесе во Турција. Упатувам благодарност до претседателот на Црвената полумесечина, Керем Киник, до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради неговата помош за Сиријците, до Мехмет Зеки Чуџу којшто ќе ги направи нашите протетски нозе, и до целиот турски народ. Се надевам дека по лекувањето ќе ни бидат ставени протетските нозе, и потоа јас и Маја ќе можеме да чекориме. Многу сме среќни и возбудени поради тоа“, додаде Мери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın