Сино-белите минибуси, симбол на градскиот превоз во Адис Абеба
- Сино-белите минибуси, патниците што чекаат на станиците, кондуктерите што гласно ги извикуваат маршрутите и кратките релации на возење, се меѓу највпечатливите симболи на градскиот живот
Erkut Kargın
11 Јуни 2026•Ажурирано: 11 Јуни 2026
photo: Erkut Kargın / AA
АДИС АБЕБА
Во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, градскиот превоз главно се одвива со такси-минибуси, кои привлекуваат големо внимание со препознатливите сино-бели бои, пренесува Анадолу.
Овие минибуси, кои почнуваат со работа од рано наутро, превезуваат голем број луѓе што брзаат кон работните места, училиштата или пазарите, поврзувајќи различни делови на градот.
Сино-белите минибуси, кои се вообичаена глетка во густиот сообраќај на Адис Абеба, патниците што чекаат на станиците, кондуктерите што гласно ги извикуваат маршрутите и кратките релации на возење, се вбројуваат меѓу највпечатливите симболи на градскиот живот.
Фотографија : Erkut Kargın/AA
Иако во градот се преземаат чекори за унапредување на јавниот превоз со автобуси, лесен шински систем и различни сообраќајни правила, минибусите и понатаму се најчесто користени возила, особено во секојдневниот превоз.
Во престолнината, каде што се преплетуваат модерните згради, дипломатските претставништва, пазарите и стрмните маала, минибусите се издвојуваат како економично превозно средство, но и како градски детаљ што го одразува вистинскиот ритам на секојдневјето.
Трициклите, познати како „тук-тук“, кои локалното население ги нарекува „баџаџ“, порано често се гледаа во центарот на градот, но по новите сообраќајни правила, наместо во срцето на престолнината, сега најчесто може да се најдат во периферните и руралните средини.
И покрај модернизацијата на сообраќајниот систем, сино-белите минибуси во Адис Абеба и понатаму се носители на пулсот на секојдневниот живот на преполните градски улици.