Највисокиот облакодер во Источна Африка го привлекува вниманието на сите што доаѓаат во Етиопија
- Овој облакодер, со височина од 209 метри и 53 ката, кој се смета за највисок во регионот, претставува еден од главните финансиски и деловни центри
Erkut Kargın
12 Јуни 2026•Ажурирано: 12 Јуни 2026
photo: Erkut Kargın / AA
АДИС АБЕБА
Облакодерот што гордо се издигнува во Адис Абеба, главен град на Етиопија, е највисока градба во цела Источна Африка, со грандиозноста го привлекува погледот на секој случаен минувач, пишува Анадолу.
Во овој облакодер, со височина од 209 метри и 53 ката, кој се смета за највисок во регионот, денес се наоѓа главната дирекција на Комерцијалната банка на Етиопија, најголема банка во земјата.
Градбата претставува еден од главните финансиски и деловни центри на Адис Абеба.
Главниот град, кој во последните години доживува брза трансформација со новите метролинии, булеварите, станбените комплекси и деловни центри, сè почесто му нуди на светот вакви модерни зданија што го менуваат изгледот на градскиот центар.
Фотографија : Erkut Kargın/AA
Бидејќи може да се забележи од многу точки во градот, облакодерот е една од највпечатливите градби. Кога ќе се погледне од повисоките делови на Адис Абеба, јасно се гледа како облакодерот со својата силуета впечатливо се одвојува од густата урбана архитектура во неговата околина.
Градот, во кој се наоѓа и седиштето на Африканската унија и на голем број меѓународни организации, преку овие модерни градби ја отсликува својата сè поголема важност во регионалната трговија, дипломатија и финансии.
Жителите на градот, како и неговите посетители, го сметаат овој облакодер за еден од симболите на развојот и на новата урбана структура на Адис Абеба.
Етиопските власти, преку континуираните вложувања во инфраструктурата, транспортот и финансиите, цврсто чекорат кон целта Адис Абеба да стане еден од најзначајните центри на Источна Африка.
Највисокиот облакодер во Источна Африка го привлекува вниманието на сите што доаѓаат во Етиопија