Ekipa
25 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
КРАСНОЈАРСК (АА) - Со доаѓањето на зимата, започна и сезоната на риболов на замрзнатата река Енисеј во третиот по големина руски град во Сибир, Краснојарск, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Младиот рибар Вјачеслав (25) го поминува викендот ловејќи риба на реката.

Вјачеслав користи специјална опрема за риболов во услови на мраз, подводна камера за да го провери местото за риболов.
Сезоната за овој тип риболов во земјата трае од ноември, кога езерата и реките обично замрзнуваат, па сè до средината на април.