живот

Денот без автомобили во Брисел ги намами мештаните на прошетка по пустите улици

Мештаните и туристите уживаа на улиците без автомобили и звуците на моторите, а многумина тоа го искористија и за безгрижно возење велосипед

Dursun Aydemir  | 22.09.2019 - Обновена : 23.09.2019
Денот без автомобили во Брисел ги намами мештаните на прошетка по пустите улици

БРИСЕЛ (АА) - Во европската престолнина Брисел денес се одржа традиционалната манифестација Ден без автомобили, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за манифестација која се одржува секоја година третата недела од месецот септември.

По тој повод, сообраќајот од 9:30 до 19 часот по локално време е затворен во 19 дистрикти на Брисел.

Мештаните и туристите уживаа на улиците без автомобили и звуците на моторите, а многумина тоа го искористија и за безгрижно возење велосипед.

Градскиот сообраќај во Брисел денес е бесплатен, а во текот на денот се одржуваат и неколку спортски и културни настани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın