Zeynep Beyza Kılıç
27 Април 2023•Ажурирај: 28 Април 2023
ЊУЈОРК (АА) - Цените на нафтата на светскиот пазар денес пораснаа откако американските податоци покажаа пад на резервите на сурова нафта, што укажува на подобрување на побарувачката на нафта во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
Меѓународната референтна цена на нафтата Брент утринава изнесуваше 78,04 долари за барел по растот на цената од 0,41 отсто.
Американската референтна вредност Вест Тексас Интермедиејт (ВТИ) се тргуваше по цена од 74,55 долари за барел, по растот на цената за 0,34 отсто.
Вчера (среда) Управата за енергетски информации објави пад на резервите на нафта за 5,1 милион барели, на 460,9 милиони барели.
Американскиот институт за нафта предвиде намалување на резервите од 6,08 милиони барели.