Muhammed Ali Gürtaş
01 Август 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
АНКАРА (AA) - „Турскиот извоз во јули имал пораст на годишно ниво од 11,8 отсто“, соопштија денеска од Собранието на турските извозници (TIM), јавува Anadolu Agency (AA).
Минатиот месец извозот на Турција изнесувал 14,1 милијарда долари, што е највисоко ниво досега забележано за месец јули.
Говорејќи на конференцијата за новинари во Министерство за трговија во Турција, шефот на Собранието на турските извозници, Исмаил Гуле, истакна дека турскиот извоз од јануари до јули изнесувал 96,3 милијарди долари.
Гуле рече дека седуммесечниот извоз покажал зголемување од седум отсто на годишно ниво, додека вкупниот извоз за 12 месеци пораснал за 8,1 отсто во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи 163,3 милијарди долари.
Според статистичките агенции, турскиот извоз во 2014 година достигна 157,6 милијарди долари, а минатата година изнесувал речиси 157 милијарди долари.