Gökhan Ergöçün
28 Август 2023•Ажурирај: 29 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Анкара и Ријад ќе спроведат робустен план за зголемување на билатералната трговија, изјави денес турскиот министер за трговија, Омер Болат, по средбата со саудискиот министер за индустрија и минерални суровини, Бандар Алхораеф, пренесува Анадолу.
„Ќе имплементираме робустен план за унапредување на меѓусебната трговија меѓу Саудиска Арабија и Туркије, а особено зголемување на заемните инвестиции во производствениот сектор“, порача Болат преку платформата X, порано позната како Твитер, по состанокот во турската престолнина.
„Во овој контекст, во наредните денови ќе потпишеме и Меморандум за разбирање за соработка во извозните стратегии и за партнерства во секторите.“
За соработката, воспоставена по посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Џеда минатиот месец, Болат рече дека „продолжува да дејствува за тоа нашите компании да добијат поголем удел во проектите во Саудиска Арабија, во согласност со Националната индустриска стратегија на Саудиска Арабија и Саудиска визија 2030.“