Diyar Güldoğan
15 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
АНКАРА (АА) - Стапката на невработеност во Турција во декември 2017 година изнесуваше 10,4 отсто, што претставува пад од 2,3 отсто на годишно ниво, соопшти Заводот за статистика, јавува Anadolu Agency (АА).
Според податоците на Заводот за статистика на Турција (ТУРКСТАТ), бројката на невработени лица на возраст од 15 години па нагоре, во декември изнесуваше 3.291 милиони, што е помалку за 581.000 на годишно ниво.
„Бројот на невработени на возраст од 15 години, па нагоре во декември 2017 година падна за 581.000 во споредба со истиот период претходната година, и изнесува 3.29 милиони“, соопшти Заводот.
Истовремено, невработеноста во областите надвор од земјоделскиот сектор изнесуваше 12,3 отсто, што претставува пад од 2,6 отсто.