Uğur Ertaş
14 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
МОСКВА (AA) - Рускиот енергетски гигант Газпром и покрај санкциите кон таа земја минатата година ја зголеми испораката на гас во европските држави, дури 11,8 милијарди кубни метри во однос на 2014 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извозот на Газпром во 2015 година порасна на 159,4 милијарди метри со 147,6 колку изнесуваше и порано. Според зборовите на извршниот директор на Газпром Алексеј Милер, главниот фактор за раст на рускиот гас во ЕУ е пад на производството на сопствениот плин.
Истакна дека извозот во Германија е зголемен за рекордни 17,1 отсто, како и дека зголемената испорака на гас е забележана и во Франција за 38,8 отсто.
Зголемувањето од 12,6 отсто забележа и извозот во Италија, 11,5 отсто во Австрија и 10,1 отсто во Велика Британија.
"Треба да нагласиме дека во 2015 година, Газпром постави апсолутен рекорд со испорачани 45,3 милијарди кубни метри во Германија", додаде Милер.