свет, економија

ЕУ ќе купува оружје за Украина со профитот од замрзнатиот руски имот

„Амбасадорите на земјите од ЕУ начелно се сложија околу мерките во врска со вонредните приходи кои произлегуваат од замрзнатите руски средства“

Ata Ufuk Şeker  | 08.05.2024 - Обновена : 12.05.2024
ЕУ ќе купува оружје за Украина со профитот од замрзнатиот руски имот

БРИСЕЛ (АА) - Земјите од Европската Унија (ЕУ) одлучија да го искористат профитот од замрзнатиот руски имот за поддршка на одбраната на Украина, јавува Анадолу.

„Амбасадорите на земјите од ЕУ начелно се сложија околу мерките во врска со вонредните приходи кои произлегуваат од замрзнатите руски средства“, стои на официјалниот профил на Белгија, претседавач со ЕУ.

Во објавата на социјалните мрежи се наведува дека парите добиени од рускиот имот ќе бидат искористени за поддршка на обновата на Украина и на воената одбрана.

„Го поздравувам политичкиот договор за нашиот предлог за користење на приходите од замрзнатите руски средства за Украина“, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Истакнувајќи дека овие пари ќе ги направат Украина и Европа побезбедни, Фон дер Лајен истакна дека тоа има и силна симболика.

Земјите од ЕУ замрзнаа околу 200 милијарди евра на руската Централна банка поради војната во Украина. Финансиските институции кои држат руски средства остваруваат значителен профит со реинвестирање додека тие доспеваат.

Околу 180 милијарди евра од резервите на руската Централна банка замрзнати од ЕУ ги држи Евроклир (Euroclear), белгиски давател на услуги за клиринг и чување на хартии од вредност. Додека средствата на институцијата во нејзиниот биланс брзо се зголемуваат, Евроклир остварува големи износи на приходи од камати. Минатата година, Евроклир на тој начин заработи повеќе од три милијарди евра приходи од камати на руските средства замрзнати поради санкциите на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.