Gökhan Ergöçün
15 Февруари 2023•Ажурирај: 16 Февруари 2023
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) минатата година оствари надворешнотрговски дефицит од 431,2 милијарди евра, покажуваат официјалните податоци објавени денеска, јавува Анадолу.
Според податоците на Евростат, 27-члениот блок остварил извоз од 2,57 милијарди евра, додека увозот изнесувал 3 милијарди евра.
Во меѓувреме, еврозоната минатата година забележа надворешнотрговски дефицит од 314,7 милијарди евра, при што извозот изнесува 2,87 милијарди евра, а увозот 3,2 милијарди евра.
ЕУ во декември минатата година имаше надворешнотрговски дефицит од 12,1 милијарда евра, а дефицитот на еврозоната во трговијата со светот изнесуваше 8,8 милијарди евра.