Aybala Arpacı
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
БРИСЕЛ (АА) - Грција и доверителите во програмата за ублажување на долгот на Грција, се усогласија со Еврогрупата за ослободување на дел од долгот, во висина од 10.3 милијарди евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот на Еврогрупата во Брисел, на кој учествуваа министри за финансии од 19 земји-членки на Европската унија кои го користат еврото, траел 11 часа во рамките на програмата за ублажување на долгот на Грција од 86 милијарди евра, на којшто бил постигнат консензус за ослободување од траншата во висина од 10,3 милијарди евра.
Претседателот на Еврогрупата и министер за финансии на Холандија, Јероен Дијселблом одржа прес-конференција по завршувњето на состанокот.
„Главна агенда на разговорите беше Грција. Грција постигна договор со државните службеници, што беше поздравено од страна на Еврогрупата”, соопшти Дијселблом.
Дијселблом истакна дека имаат целосно усогласување со Грција во рамките на програмата за економски реформи.
„Грчката влада изработи многу регулативи. Овие регулативи за последен пат детално ќе бидат оценети“, изјави Јероен Дијселблом, претседател на Еврогрупата.
Тој истакна дека откако ќе заврши периодот за оценка на програмата од страна на Европскиот механизам за стабилност (ESM), втората транша од 10,3 милијарди евра, од вкупно 86 милијарди евра колку изнесува програмата за ублажување на долгот, Грција ќе може да го врати на наколку рати.
„Ова покажува дека програмата е во ред. Забелжуваме добар напредок. Тоа се позитивни вести“, истакна Дијселблом.
Се очекува оваа година вкупниот долг на Грција да го надмине бројот од 300 милијарди евра, додека националниот доход би требало да изнесува 180 проценти.
Германија и Холандија стојат настрана од обидите на Грција за повторно реструктуирање на долгот.