економија

„Халкбанк Македонија" го претстави своето ново портфолио на платинум-услуги

„Патот кој го започнавме со 23 филијали низ Македонија денеска таа бројка достигна до 40 филијали, бројка на вработени која изнесуваше 200 веќе е на ниво на 505 врботени, денеска сме вброени помеѓу 5 најголеми банки во Македонија", истакна Суџубаши.

Admir Fazlagic  | 08.05.2018 - Обновена : 09.05.2018
„Халкбанк Македонија" го претстави своето ново портфолио на платинум-услуги (Foto: Admir Fazlagic/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на своите партнери како и бројни поканети гости од светот на бизнисот и јавниот живот во земјава, „Халбанк Македонија" вечерва во Скопје го претстави своето ново портфолио на платинум-услуги, јавува Anadolu Agency (AA).

На вечерашниот промотивен настан во организација на „Халкбанк Македонија" присуствуваа министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил, амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кала, директорот на „Халкбанк Македонија" Билал Суџубаши, бројни претставници на турските институции во земјата, како и личности од бизнисот и јавниот живот.

За прв пат во Македонија, „Халкбанк" го претстави своето ново портфолио на платинум-услуги, наменети за ексклузивните клиенти на банката, како и Премиум пакетот, прв од овој вид на пазрот во Македонија, кој ги спојува поволностите во кои уживаат имателите на картичките „Visa Platium".

Најновиот продукт на „Халкбанк" е направен во партнерство со „Visa", а тоа е новата дебитна картичка „Visa Platinum", која нуди голем пристап до многубројни поволности на своите корисници овозможувајќи им да уживаат во неспоредливи привилегии, каде и да се.

Како што информираа на вечерашниот настан, пакетот е замислен да ги задоволи потребите и да излезе в пресрет на животниот стил и деловните навики на елитните клиенти на „Халкбанк", како и на клиентите кои често патуваат во странство.

Билал Суџубаши, главен извршен директор на „Халкбанк Македонија" во своето обраќање кон присутните рече дека „Халкбанк" како банка, постојано работи според најновите трендови, нуди иновативни решенија за своите корисници и постојано вложува во услугата, во персоналот и во процесите.

Тој потсети дека како „ИК Банка" ги поставиле темелите на нивното дејствување во Македонија и оваа година ја одбележуваат 25 годишнинанта од нивното дејствување во оваа земја, додавајќи дека како „Халкбанк Македонија" работат повеќе од шест години.

„Патот кој го започнавме со 23 филијали низ Република Македонија денеска таа бројка достигна до 40 филијали, бројка на вработени која изнесуваше 200 веќе е на ниво на 505 врботени, благодарение на активниот раст кој го имаме, денеска сме вброени помеѓу 5 најголеми банки во Македонија", истакна Суџубаши.

Тој додаде дека банкарскиот сектор на глобално ниво е динамичен затоа треба да се биде посветен на иновации, истакнувајќи дека задоволство на потребите на клиентите е нивна примарна цел.

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, изрази верување дека со овој новитет на „Халкбанк Македонија" ќе се отворат нови можности, нови бизниси и во банкарскиот, но и во бизнис секторот во земјата.

„Халбанк е голема банка и покажува дека во Република Македонија станува сѐ поголема банка со своите услуги кои им ги пружа на своите клиенти", рече министерот Ќахил.

Тој истакна дека очекува уште поголем придонес на оваа банка во финанскискиот сектор и порача дека „Халкбанк" ја има поддршката од Владата на Република Македонија во сите сегменти на нејзиното работење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.