Gökhan Ergöçün
09 Јуни 2026•Ажурирано: 09 Јуни 2026
Турција и Канада се договорија да започнат со прелиминарни преговори за договор за слободна трговија, се наведува во заедничкото соопштение на Министерствата за трговија на двете земји објавено денес, јавува Анадолу.
Турскиот и канадскиот министер за трговија, Омер Болат и Маниндер Сиду, се сретнаа со цел унапредување на силното и растечко економско партнерство меѓу двете земји, се вели во соопштението.
„Надоврзувајќи се на неодамнешниот телефонски разговор меѓу премиерот Марк Карни и претседателот Реџеп Таип Ердоган, министрите ја потврдија својата заедничка посветеност за зајакнување на трговските и инвестициските односи меѓу Канада и Турција“, се нагласува во соопштението.
Се посочува дека овој чекор ја одразува амбицијата на двете земји за целосно ослободување на потенцијалот на нивното комерцијално партнерство.
Според соопштението, министрите го поздравија и неодамнешното проширување на Договорот за воздушен транспорт, со кој се зајакнува поврзаноста меѓу двете земји и се отвораат нови можности за патниците, бизнисите и извозниците.
„Подобрата авиоповрзаност ќе поддржи поцврсти трговски врски и уште повеќе ќе ги зближи нашите економии“, се наведува во соопштението.