Nuran Erkul Kaya
05 Октомври 2022•Ажурирај: 06 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – „Гаспром“ денеска соопшти дека го продолжува транспортот на руски гас за Италија преку Австрија, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Во соопштението на компанијата се вели дека заедно со италијанските купувачи е постигнато решение за протокот на гас.
„Австрискиот оператор ја сигнализира својата подготвеност да го потврди транспортот на „Гаспром експорт“, со што се овозможува продолжување на испораките на руски гас низ Австрија“, се наведува во соопштението на компанијата.
Протокот на гас на „Гаспром“ кон Италија беше прекинати на 1 октомври поради новите регулативи во Австрија кои се донесоа поради санкциите кон Русија.