Hakan Çopur
08 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Хирургот и бизнисменот Патрик Сун-Шионг за 500 милони долари го купи „Los Angeles Times", еден од најугледните американски весници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата „Tronc", досегашниот сопственик на американскиот дневен весник, се наведува дека „Los Angeles Times", кој излегува веќе 136 години, добил нов сопственик.
Потврдено е дека дневникот го купи компанијата „Nant Capital" чиј сопственик е милијардерот Сун-Шионг.
Според потпишаниот договор, новиот власник стекнал сопствеништво и над уште некои помали локални медиумски куќи, како што е весникот „The San Diego Union-Tribune".
Сун-Шионг по купувањето на американскиот дневник истакна дека ќе продолжи со традицијата на успешно новинарство и во иднина.
„Los Angeles Times ќе ја продолжи традицијата на наградувано новинарство", рече новиот сопственик.
Нагласи дека не планира да внесува радикални промени во работата на дневниот весник.