Furkan Abdula
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, во рамки на посетата на Северна Македонија посети некои историски места во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп скопската турнеја ја започна од Скопско Кале каде што беше придружуван од неговата делегација. По посетата на калето, Шентоп ја посети историската Мустафа-пашина џамија.
Тој потоа се шеташе низ улиците на Старата скопска чаршија каде што се наоѓаат и некои историски места како Сули ан, Чифте амам и Мурат-пашината џамија. Шентоп во Скопската чаршија се поздрави со граѓаните.
Откако прошета низ чаршијата, Шентоп, преминувајќи низ Камениот мост, пристигна на Плоштадот „Македонија“.
Инаку, Шентоп во текот на денот се состана со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, додека вечер ќе присуствува на ифтарската вечера која ќе биде организирана од страна на Меѓународниот балкански универзитет.