Балкан

Цакај: „Турција е еден од највредните сојузници во НАТО“

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и вршителот на должноста министер надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, по тет-а-тет средбата и средбите на делегациите, потпишаа низа договори и одржаа заедничка прес-конференција

Furkan Abdula, Fatjon Cuka  | 12.02.2020 - Обновена : 12.02.2020
Цакај: „Турција е еден од највредните сојузници во НАТО“ Фото: Fatih Aktaş/AA

ТИРАНА (АА) – Вршителот на должност министер за надворешни работи и европски прашања на Албанија, Гент Цакај, истакна дека постојаните односи меѓу Турција и Албанија имаат длабоки корени, и дека Турција е еден од највредните сојузници во НАТО, во контекст на нејзиниот многу важен придонес за Алијансата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и вршителот на должноста министер надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, по тет-а-тет средбата и средбите на делегациите, потпишаа низа договори и одржаа заедничка прес-конференција.

Цакај, на прес-конференцијата, заблагодарувајќи се на Турција и турскиот народ за помошта по земјотресот што ја погоди Албанија на 26 ноември, упати сочувство до семејствата на оние кои ги загубија своите животи во лавината и земјотресот во Турција.

Осврнувајќи се на односите меѓу Турција и Албанија, Цакај нагласи: „Односите меѓу двете земји, не се трајни само поради историските врски, туку и поради билатералните интеракции, конструктивната соработка во меѓународните институции и длабоките корени во стратешкото партнерство во НАТО. Наскоро меѓу лидерите на двете земји ќе биде потпишана изјавата за основање на Совет за соработка на високо ниво, кој уште повеќе ќе ја зајакне содржината на стратешката соработка.“

Цакај рече дека на средбата со Чавушоглу разговарале за неопходноста да се преземат чекори за соработка на економско и трговско поле, за да се искористи големиот потенцијал меѓу двете земји.

Истакнувајќи дека кон патот во Европската Унија (ЕУ) тие посветуваат големо внимание на сеопфатните добрососедски принципи, Цакај рече: „Во овој поглед треба да се цени поддршката на Турција што ја дава на Косово во однос на зајакнување на нејзината меѓународна позиција и во процесот на пристапување во меѓународните организации.“

„Турција е еден од највредните сојузници во НАТО, во контекст на нејзиниот многу важен придонес за Алијансата“, нагласи Цакај.

„Турските и албанските војници во Авганистан рамо до рамо ги поддржуваат напорите на меѓународната заедница за обезбедување на мирот и безбедноста“, рече Цакај, и додаде: „Турција продолжува да биде еден од главните соработници на Мировните сили на НАТО во Косово (КФОР). Турција повеќе од 20 години дава поддршка за безбедноста на Косово и стабилноста во регионот. Познати ни се фактите за загриженоста на Турција за безбедноста на својата граница со Сирија и за тоа дека великодушно го носи товарот на сириските бегалци.“

Цакај исто така рече дека соработката меѓу Албанија и Турција е многу важна од аспект на зајакнување на националната и регионалната безбедност, вклучително и во борбата против тероризмот и екстремизмот.

Осврнувајќи се на преговарачкиот процес меѓу Грција и Албанија за морските граници, Цакај рече дека Албанија е решена да ги затвори сите билатерални прашања со соседите во регионот.

Подоцна, Чавушоглу и Цакај потпишаа: Договор за заемно признавање на возачката дозвола, Меморандум за разбирање за размената на дипломати и Заедничка изјава за контратерористички консултации под иницијатива на министерствата за надворешни работи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.