Vesna Besiç
22 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
САРАЕВО (АА) - Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, откако ја посети областа на Сплитско-далматинска жупанија, која беше погодена од пожар, објави дека прелиминарната проценка на штетата, без шуми е 42,4 милиони куни односно 5,7 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ на социјалната мрежа Твитер напиша дека денеска со претставниците на Националната управа за заштита и спасување и локалните претставници биле во посета на изгорената области на Сплитско-далматинска жупанија.
„Прелиминарните проценки на штетата без шумата е 42,4 милиони куни", напиша хрватскиот министер.
Изгаснати се пожарите кои претходните денови беа активни во Далмација и оставија зад себе огромна штета.
За подрачјето на Сплитско-далматинска жупанија беше прогласена природна катастрофа.