ПРИШТИНА
Косовскиот претседател во оставка Хашим Тачи (52), кој е обвинет за воено злосторство од страна на Специјализираните совети на Косово во Хаг денес прв пат се појави во судницата во Хаг и се изјасни дека не е обвинет ниту за една точка од обвинението, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хашим Тачи, кој беше еден од основачите на Ослободителната војска на Косово и нејзин политички лидер, обвинет е во предметот „Специјализиран обвинител против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими".
„Изјавувам дека сум потполно невин по однос на сите точки од обвинението", рече Тачи одговарајќи на прашањето на судијата Николас Гуилу да се изјасни за обвиниението.
Судијата Николас Гуилу на почетокот на седницата изјави дека обвинението против Хашим Тачи е потврдено на 26 октомври 2020 година и дека на 5 ноември е уапсен и префрлен во притворската единица во Хаг. Рече дека Тачи се обвинува за шест точки за злосторство против човечноста и за 4 точки за воени злосторства и тоа за прогон, затворање и други нехумани постапки, измачувања, присилно исчезнување на лица и убиство.
„Тие кривични дела се направени приближно во период од април 1998 до август 1999 година, на повеќе места во Косово и северна Албанија", наведено е во обвинението.
Делата се извршени во местата на општините Подујево, Глоговац, Урошевац, Гњилан, Ѓаковица, Качаник, Липљан, Скендерај, Малишево, Клин, Ново Брдо, Приштина, Призрен, Сува Река, Битина, како и Кахан и Кукеш во северна Албанија.
„Кривичните дела од точките 1, 2, 4, 6, 8 и 10 се направени во рамките на поширокиот или систематски напад против цивилното население на Косово и северна Албанија најдоцна од март 1998 до септември 1999 година. Конкретно цел на тие кривични дела беа оние што се сметаа за противници, за кои се сметаше дека под еден, соработувале или имале поврзаност со силите, чиновниците или државните институции на Сојузна Република Југославија, или под два, дека не ги поддржувале целите или методите на Ослободителната војска на Косово и подоцна привремената Влада на Косово, меѓу кои беа лицата поврзани со Демократскиот сојуз на Косово и лицата од српска, ромска и друга националност“, се наведува.
Кривичните дела од точките 3, 5, 7 и 9 се извршени над лицата што не биле активни учесници во судирите меѓу ОВК и силите на СРЈ и Република Србија, како што се војската, полицијата и другите формации што за нив се бореле.
„Во однос на тие кривични дела постои добо основан сомнеж дека гсподин Тачи е кривично одговорен како припадник на злосторничко здружување, за точките од 1 до 10 или алтернативно за одговорност за кривичните дела од 1 до 10 бидејќи свесно се согласил на ризикот да можат да се случат и за помагање на тие кривични дела. Постои и добро основан сомнеж дека е одговорен како претпоставено лице", стои во обвинението.
Во името на одбраната на Хашим Тачи, Дејвид Хупер изјави дека неговиот клиент секогаш соработувал со правдата во текот на овие години, па дури и во периодот на основањето на Специјализираниот суд.
„Со жалење кажувам дека овој процес е реализиран без благовремено известување на одбраната. Ќе соработувам со судот, како што тоа го правече господин Тачи во текот на овие години и во текот на периодот на воспоставување на овој суд. Судот ги истражува овие случаи пет или повеќе години, а вие имате обвинение пред шест месеци. За нивната реализација прв пат дознавме во средата вечерта или во четвртокот, не беше можно да се создаде тим за одбрана, не беше возможно да се донеса луѓе кои сакаа да бидат присутни во салата и со наша страна е бесмислено зошто е така направено", рече Хупер.
Хупер запраша каде е обвинението за трговија со човечките органи, како многу важно прашање за основање на овој суд.
„Каде се претензиите за кражба на човекови органи и историја на жолтата куќа која беше многу важна за иницијативата за основањето на овој суд, а следејќи половина страница од книгата на Карла Делпонте и што довело до извештајот на Дик Марти. Во тие претензии не само да е извалкано Косово и Косоварите, туку тие претензии и доведоа до основањето на овој косовски суд, иако тука нема ништо од Косово", рече адвокатот Хупер.
Додаде дека Тачи знаел дека тие претензии се измислени и соработувал со Советот на Европа. Порача дека одбраната силно ќе се бори против тие претензии на како што рече , ова лажно судење.
Хупер рече и дека денес ќе бара Тачи да се ослободи привремено, бидејќи нема основа за сомнеж во негово бегство, но додаде дека одбраната прво треба да биде информирана зошто се смета дека Тачи треба да биде во притвор. Исто така ги спомна пофалбите од странските функционери за Тачи, како што е изјавата на Џо Бајден дека Тачи е косовскиот Џорџ Вашингтон.
Обвинителот одговрајќи и на одбраната, покрај останатото рече дека има информции дека Тачи искористил неколку последни денови пред апсењето да помилува две лица кои се осудени за убиство на еден соработник.
„Десетици и десетици убиства и страдања на стотици жртви, секој од тие описи во обвинението спаѓаат во мандатот на овој суд и за тоа ќе се разговара во текот на ова судење", рече обвинителот.
Потсетуваме, Хашим Тачи по информацијата за подигнување на обвинието против него веднаш поднесе оставка на функцијата претседател на Косово и доброволно се предаде на судот.
Истиот ден и Кадри Весели и Реџеп Селими добоволно се предале на судот, додека Јакуп Красниќина на 4 ноември е уапсен по десетчасовен претрес во неговата куќа во Пришина и префрлен е во Хаг. Во првото соопштение од Хаг пишува дека четворицата обвинети на 4 и 5 ноември по апсењето се доведени во притворскиот објект на Специјализираните совети на Косово во Хаг.
Пред судот денес Јакуп Красниќи се изјасни дека не е виновен во однос на обвинението, а Весели и Селими пред судот ќе се изјаснуваат утре и задутре (10 и 11 ноември).
news_share_descriptionsubscription_contact
