Балкан

Турција со помош за лицата кои имаат потреба во Северна Македонија

Алкан нагласи дека во соработка на Управата за верски прашања на Турција и Турската фондација „Дијанет“, во Северна Македонија доделиле купони за 250 семејства

Furkan Abdula  | 11.05.2019 - Обновена : 13.05.2019
Турција со помош за лицата кои имаат потреба во Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) - Управата за верски прашања на Турција, во соработка со Турската фондација „Дијанет“ (TDV), денеска во Скопје додели купони за пакети за прехранбени производи за семејствата кои имаат потреба, по повод месецот на постот, Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамки на програмата организирана во соработка со Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, лицата кои имаат потреба добија купони во вредност од 1.000 денари кои ќе можат да ги користат за купување прехранбени производи.

На оваа церемонија за доделување купони учествуваа советникот за верски прашања при турската Амбасада во Скопје, Мурат Алкан, претседателот на Одделот за земјите од Евроазија при Управата за верски прашања на Турција, Омер Фарук Сабуран, како и тројца активисти од „Дијанет“, кои дојдоа од Турција.

Советникот за верски прашања, Алкан, во изјава за АА истакна дека Рамазан е благословен месец во кој се доделува многу помош.

„Во овие рамки [Управата за верски прашања на Турција] работи во насока да им го пренесе поздравот на браќата од Турција и да им достави помош до лицата кои имаат потреба во 323 подрачја во 98 земји“, рече Алкан.

Алкан нагласи дека во соработка на Управата за верски прашања на Турција и Турската фондација „Дијанет“, во Северна Македонија доделиле купони за 250 семејства.

„Исто така, на 250 семејства им доставивме пакети со прехранбени производи за Рамазан. Вечер ќе организираме ифтар за 250 лица во штипското село Радање“, додаде тој.

„Од Скопје ги праќаме нашите поздрави до сите наши дарежливи браќа, до Управата за верски прашања на Турција и до Турската фондација Дијанет“, истакна Алкан, советник за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, посакувајќи рамазанската трпеза да биде бериќетна и полна со спокојство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.