Bojana Stojanovic
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
БЕЛГРАД
Во Србија од последиците на Ковид-19 починаа 27 лица во изминатите 24 часа, а регистриран е и најголем број на новозаразени во еден ден до сега и изнесува 5.613, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 97.988 случаи на заразување, а до денес се хоспитализирани вкупно 5.317 лица.
Од вчера, тестирани се најмногу луѓе и тоа 18.040, од кои дури 5.613 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период, починаа 27 лица, со што бројот на починатите се зголеми на 1.081. Процентот на смртност изнесува 1,10 отсто.
На респиратори се 182 пациенти.
Досега се тестирани 1.555.000 граѓани.