Балкан, Коронавирус

Србија: Регистрирани 7.782 новозаразени, починаа уште 69 лица

Во Србија регистрирани се вкупно 206.940 случаи на вирусот

Bojana Stojanovic  | 04.12.2020 - Обновена : 04.12.2020
Србија: Регистрирани 7.782 новозаразени, починаа уште 69 лица

БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 69 лица, регистрирани се уште 7.782 новозаразени, а до денес е хоспиталзиран 7.841 пациент, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вкупно се регистрирани 206.940 случаи на вирусот.

Од вчера, тестирани се 22.497 лица, од кои 7.782 се позитивни на Ковид-19.

Во истиот период, починаа 69 лица, со што бројот на починатите досега се зголеми на 1.834. Процентот на смртност изнесува 0,89 отсто.

На респиратори се 270 пациенти.

Досега се тестирани 1.867.228 граѓани.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın