Bojana Stojanovic
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
БЕЛГРАД
Во Србија 17 лица починаа од последиците на Ковид-19 во претходните 24 часа, заразени се уште 3.499, а до денес се хоспитализирани 3.564 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 77.264 случаи на заразување.
Од вчера, тестирани се 14.116 лица, од кои 3.499 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период, починаа 17 лица, со што бројот на починатите до сега се зголеми на 972. Процентот на смртност е 1,26 отсто.
На респиратори се 158 пациенти.
Досега се тестирани 1.482.280 граѓани.
Белград има најголем број на новозаразени и тоа 1.597, потоа Нови Сад со 330 новозаразени, Ниш со 113 и Крагујевац со 88.
Во установите за социјална заштита и домовите за сместување на стари лица, Ковид-19 е потврден кај 295 лица и 182 вработени, а излекувани се 1.155 лица и 466 вработени.