Bojana Stojanovic
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во претходните 24 часа од вирусот Ковид-19 починаа четири лица, а дијагностицирани се уште 108 заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно регистрирани се 29.890 случаи, а до денес хоспитализирани се 1.507 лица.
Од вчера, тестирани се 9.186 лица, од кои 108 се позитивни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа починаа уште четири лица, со што бројот на смртни случаи во земјата достигна 681. Процентот на смртност е 2,28 отсто.
На респиратори се 64 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во земјата досега тестирани се 821.106 граѓани.