Bojana Stojanovic
11 Април 2021•Ажурирај: 12 Април 2021
БЕЛГРАД
Во последните 24 часа во Србија од последиците на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 35 лица. Во истиот период детектирани се 2.732 новозаразени, известува Агенција Анадолија (АА).
Во болниците низ Србија во моментов се лекуваат 7.890 пациенти, од кои 266 се на респиратор.
Во последното деноноќие тестирани се 10.898 лица, од кои 2.732 биле позитивни. Во истиот период од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 35 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од заразеност со коронавирусот се зголеми на 5.735. Процентот на смртност во Србија изнесува 0,89%.
Вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 во Србија изнесува 642.208. Досега во земјата се тестирани 3.588.296 примероци сомнителни на коронавирус.