Балкан

Србија: Изложба во дигитален формат по повод одбележување на 15 јули

Во Србија со онлајн активности, во дигитална средина е пренесено одбележувањето на 15 јули - Денот на демократијата и национално единство на Турција

Aldijana Hadzic  | 14.07.2020 - Обновена : 15.07.2020
Србија: Изложба во дигитален формат по повод одбележување на 15 јули

БЕЛГРАД

Во многу земји ширум светот се организирани низа програми по повод одбележувањето на 15 јули - Денот на демократија и национално единство во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

По тој повод и во Србија со онлајн активности, во дигитална средина е пренесено одбележувањето на 15 јули - Денот на демократијата и национално единство на Турција.

Изложбата на фотографии за настаните ноќта на 15 јули 2016 година, кога припадниците на терористичката организација (ФЕТО) се обидоа да извршат пуч во Турција, за посетителите ќе биде достапна на српски и турски јазик.

Изложбата е отворена во соработка на Амбасадата на Република Турција во Белград и Институтот „Јунус Емре“ Белград. Пред отворањето на изложбата, која ќе биде достапна во текот на целата година, одржан е онлајн состанок и свечено отворање на изложбата.

За време на програмата на свеченото отворање, организирана со присуство на претставниците на организациите и здруженијата во Белград, говор одржа и турскиот амбасадор во Белград Танжу Билгич.

„15 јули е најубав пример како Турција застана во одбрана на својата демократија“, се зборови со кои Билгич го започна своето обраќање. Тој додаде дека и со години подоцна, во сеќавањата ќе биде врежана борбата, одлучноста и храброста која турскиот народ ја покажа на 15 јули.

Тој додаде дека во Србија секоја година со различни активности се одбележува овој ден.

„Оваа година активноста поради Ковид-19 ја пренесовме во дигитална средина. Се присетуваме на 15 јули, нашите херои, во надеж дека вакво нешто никогаш нема да се повтори“, изјави Билгич.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.