Andjelija Stojkovic
07 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
БЕЛГРАД (АА) - Борбениот авион за пилотска обука „супер галеб Г4“ се урна денес, во селото Слатина кај Шабац, за време на обука за летање, се вели во соопштението од Министерството за одбрана на Србија, јавува Anadolu Agency (АА).
До несреќата дошло околу 10.30 часот по локално време, а трае потрагата по исчезнатите пилоти, се наведува од министерството.
Српските медиуми пренесоа дека авионот паднал кај помошните објекти на една семејна куќа во Слатина и дека на местото на настанот излегле три екипи на итната помош.
Сѐ уште нема информации за повредени во несреќата.
Според зборовите на очевидците, авионот ниско прелетал над селото Варна.