Husamedin Gina
09 Септември 2021•Ажурирај: 10 Септември 2021
СКОПЈЕ
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во разговорот, како што се вели во писменото соопштение од Кабинетот на претседателот Пендаровски, претседателот на Словенија, Пахор, во свое лично име и во име на граѓаните на Република Словенија изрази најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово и посака побрзо закрепнување на повредените.
Во разговорот претседателот Пахор исто така изрази солидарност и истакна дека Република Словенија е подготвена да понуди секаква помош, доколку е потребна.
Помош по трагичниот настан во Тетово понуди и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изразувајќи сочувство за загубените животи.