Ayhan Mehmet
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
АТИНА
Советот за бегалци на Грција објави писмено соопштение во врска со одлуката на грчката Влада за системот за затворени кампови, во кое се упатува предупредување дека може да се ограничат слободите на бегалците со „затворените кампови“ што ќе бидат изградени од страна на Владата на Грција, по затворањето на бегалските кампови на островите Лезбос, Хиос и Самос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во ова соопштение се истакнува дека со затворениот систем според кој ќе биде забрането движењето надвор од кампот, ќе им се одземат слободите на жените и децата, кои се сметаат како сензитивна група, без да извршат некое кривично дело.
Според соопштението, новиот систем според кој ќе бидат приведени лицата што ќе сакаат да излезат надвор од кампот, е против правото. „Одлуката за приведување без да се направи некоја разлика, го прекршува националното и меѓународното право“, се додава во ова соопштение.
„Оваа практика наместо да ја реши хуманитарната криза на островите на Егејот, уште повеќе ја продлабочува постоечката криза, преку изложување бројни лица на притвор“, се нагласува во соопштението.
Инаку, грчката Влада соопшти дека ќе ги затвори бегалските кампови на островите Лезбос, Хиос и Самос, и наместо тие кампови ќе изгради „затворени кампови“ за по најмалку 5.000 лица.
Се истакнува дека со новиот систем ќе се забранува влезот и излезот од камповите, а тие што нема да ја почитуваат забраната ќе бидат приведени.
Градоначалникот на Општина Самос, Јоргос Станцос, како и Општинското собрание, реагираа против оваа одлука и дадоа колективен отказ.