Alma Dekovic
21 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
ЉУБЉАНА (АА) - Словенечкиот регион Крас во средата го зафати голем шумски пожар, кој на крајот од денот е ставен под контрола, јавува Агенција Анадолија (АА).
Марјан Шарец, словенечкиот министер за одбрана, потврди дека во средата на терен биле 1.000 пожарникари и дека се евакуирани жителите на околните села.
Премиерот на Словенија, Роберт Голоб, за државната телевизија изјави дека пожарот се проширил на 1.000 хектари шумска површина.
Рече дека пожарот е ставен под контрола и дека не зафатил ниту една куќа.
Словенечките пожарникари денеска продолжија да го гаснат пожарот на две изолирани локации, а поголемиот дел од жителите кои во средата беа превентивно евакуирани, се вратија во своите домови.
Пожарот на словенечкиот регион Крас се проширил од италијанската страна. Во гаснењето на пожарот учествуваа и пожарникарите од соседна Хрватска.