Dzihat Aliju
19 Април 2025•Ажурирај: 21 Април 2025
СКОПЈЕ (АА) - Кампот за развој на игри за Источна Европа-Балкан DIGIAGE 2025 на Центарот за дигитални анимации и игри на информатичката долина (DIGIAGE) во Скопје ќе им биде домаќин на заинтересираните за индустријата за игри, јавува Анадолу.
Собирот ќе се одржи во кампусот на ИБУ од 22 до 25 април, во соработка со Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) од Скопје, Информатичката долина (IT Valley) и Универзитетот Сингидунум од Србија.
Кампот што за првпат се организира на Балканот и во кој учество ќе земат 65 учесници од различни земји, како што се Туркије, Азербејџан, Србија и Северна Македонија, има за цел да развие на два прототипа на игри.
Со цел да ги собере претприемачите кои сакаат да ги подобрат своите вештини во областа на развој на игри, кампот ќе понуди можност за спроведување во живот на иновативните идеи за игри, работа со искусни ментори и поврзување со професионалците во оваа индустрија.
Дополнително, кампот кој се одржува во рамките на проектот Erasmus+ 2023-3-KA210-YOU-000184390, на учесниците ќе им овозможи да ги искусат процесите на развој на игри во меѓународна средина и да направат вистински чекор во нивните кариери.