Admir Fazlagikj
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
Локализиран е пожарот кој изби во близина на центарот на Скопје во поранешната фабрика „Треска“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изјава за медиумите изјави дека е локализиран е пожарот, додавајќи дека 55 пожарникари го гаселе пожарот.
Арсовска додаде дека има сомнежи дека е подметнат пожарот бидејќи биле забележани лица на овој потег.
Пожарот избувна напладне а пожарникарските возила два часа се обидуваа да го изгаснат пожарот во поранешната фабрика за мебел „Треска“.
Гореа хали, работилници и магацини во кои имаше стари предмети.
На терен се екипите на МВР, како и на Црвениот крст, а засега нема информации за повредени лица.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, пред медиумите изјави дека граѓаните треба да го одбегнуват овој дел од градот, за да остене отворен шатот за противпожарните екипи.