Furkan Abdula
15 Декември 2022•Ажурирај: 16 Декември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Синодот на Бугарската православна црква (БПЦ) на својата редовна седница официјално го прифати томосот што го издадоа Српската православна црква (СПЦ) и нејзиниот поглавар Порфириј, со кој ѝ беше дадена автокефалност на Македонската православна црква (МПЦ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на МИА се наведува дека според одлуката, БПЦ изразува препорака прашањето за официјалното име да се реши во братски дијалог со гркојазичните и другите помесни православни цркви.
Во веста се истакнува дека Светиот синод на БПЦ, во споменувањето на имињата на поглаварите на православните цркви во својот диптих додаде дека архиепископот Стефан треба да се споменува како „блажениот Стефан архиепископ на Северна Македонија“.
За дописникот на МИА од Софија, член на Светиот синод истакна дека БПЦ е една од првите што ја признала духовната независност на Македонската православна црква, за разлика од другите православни цркви.