Балкан

Сервисот на Агенција Анадолу на албански јазик ја одбележува својата 11-годишнина

Со своето присуство во регионот, сервисот на Анадолу на албански јазик во текот на 11 години постоење има објавено повеќе од 180.000 вести од Балканот, Турција и светот, од кои над 67.000 содржат фотогалерии, а во повеќе од 41.000 има видеоматеријали

Abdulbesar Ademi  | 01.10.2025 - Обновена : 01.10.2025
Сервисот на Агенција Анадолу на албански јазик ја одбележува својата 11-годишнина

СКОПЈЕ (АА) - Сервисот на турската новинска Агенција Анадолу на албански јазик денес ја одбележува 11-годишнината од почетокот на објавувањето вести на албански јазик.

Пред 11 години, поточно на 1 октомври 2014 година, Анадолу започна со објавување вести на албански јазик, а на 9 ноември 2015 година ја отвори својата редакција во Скопје, од каде што и денес работи заедно со сервисот на македонски јазик.

Во текот на 11 години активно објавувајќи вести на албански јазик од сите делови на светот, проследени со фотографии и видеа, сервисот на Анадолу на албански јазик доби активна улога и стана поблизок до медиумите на албански јазик во регионот, нудејќи точни, брзи и непристрасни вести во Северна Македонија, Албанија и Косово.

Со своето присуство во регионот, сервисот на Анадолу на албански јазик во текот на 11 години постоење има објавено повеќе од 180.000 вести од Балканот, Турција и светот, од кои над 67.000 содржат фотогалерии, а во повеќе од 41.000 има видеоматеријали.

Инаку, албанскиот јазик беше осмиот што се лансираше во рамките на оваа сериозна медиумска институција. Освен на турски, албански и македонски, Анадолу објавува вести и на англиски, арапски, БХСЦ (босански, хрватски, српски, црногорски), руски, француски, курдски (сорани и курманџи дијалекти), персиски, индонезиски и шпански јазик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın