Husamedin Gina
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 92 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 15.090, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починати се уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 617.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.235.
Во моментот активни се 2.238 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 157.519 тестирања за Ковид-19.