Ekipa
17 Јануари 2022•Ажурирај: 18 Јануари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 766 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 245.398, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се 3 починати лица. Регистрираните се починати во периодот од 03 - 11.01.2022 година. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.115.
Институтот за јавно здравје регистрира 486 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 220.886.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 16.397.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.748 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања.