Ekipa
20 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 1.172 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 250.876, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 12 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавено е едно лице починато на 15.01.2022. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.166.
Институтот за јавно здравје регистрира 553 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 223.606.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 19.104.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.021 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата направени се вкупно 1.727.856 тестирања.