Admir Fazlagic
09 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 168 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.572, пренесува Агнеција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата се искачи на 362.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица ос Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти се искачи на 3.624.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.586.
Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на овој вирус.